Доделување златна диплома за инженерите кои дипломирале во 1973 и 1974

Објавено: септември 4, 2024

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ги поканува инженерите кои дипломирале на нашиот факултет во 1973 и 1974 година на доделување на Златна диплома по повод 50 години од нивното дипломирање. Настанот ќе се одржи на 12. септември 2024 година, со почеток во 11 часот, во салата за состаноци на ФЕИТ.

Организацијата на овој настан, кој веќе станува традиција на ФЕИТ, претставува убава можност за меѓу генерациска средба и дружење. Со задоволство ги очекуваме нашите колеги уште еднаш да се вратат во студентските клупи.