Во коорганизација на ФЕИТ и друштвото на графовски теоретичари (МСГТ) во периодот од 9.08.2024 до 13.08.2024 во Охрид се одржа осмата македонска работилница од теорија на графови и применета математика. Целта на оваа работилница, која се одржува еднаш годишно, е да ја популаризира дискретната и применетата математика во Македонија. Годинава поканети предавачи на работилницата беа Roman Sotak (Pavol Jozef Šafárik University in Košice,Košice, Slovakia), Jasson Vindas (Ghent University, Ghent, Belgium), Nino Basic (University of Primorska,Koper, Slovenia), Александар Димитров (Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје), Jerzy Cioslowski (Institute of Physics, University of Szczecin, Szczecin, Poland), Ismael Gonzalez Yero ( University of Cádiz, Cádiz, Spain).
На работилницата учествуваа триесетина истакнати истражувачи и студенти на втор и трет циклус од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Словачка, Полска, Белгија, Германија, Шпанија, Израел, Куба, Костарика и Австралија.