Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) – приватна квота
Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ) – државна квота
По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорите се доставуваат до Конкурсната комисија на ФЕИТ преку iKnow системот најдоцна до 12:00 часот на 21.9.2024 година. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите. Одлуките по приговорите се објавуваат на факултетот.
20.9.2024 година Конкурсна комисија на ФЕИТ