СООПШТЕНИЕ потребни документи за пријавување за упис во трет уписен рок на прв циклус студии во учебната 2024/2025

Објавено: септември 24, 2024

Доставувањето на документи за пријавување на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии на прв циклус студии во третиот уписен рок во учебната 2024/2025 година ќе се врши во Одделението за студентски прашања (трет кат) на 27.9.2024 година од 12.30 до 14.30 часот.

Пред доставувањето на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавување  за запишување на Факултетот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • Електронска пријава
      1. Универзитетски пријавен лист и
      2. Интерен пријавен лист
    (Двете пријави се печатат од iknow системот и се потпишуваат).
  • Пријава за запишување А1 образец (се купува во книжарницата на факултетот)
  • Уплатница за административна такса од 50 денари
  • Оригинални свидетелства од сите класови*
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • Извод од матична книга на родените  (оригинал + копија од истото)
  • Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност, односно ако кандидатот конкурира во дополнителните квоти утврдени од Владата на РСМ, и се печати од iknow системот)
  • Изјава за согласност за користење на лични податоци (се печати од iknow системот)
  • Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 2 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ.

*Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат копии од своите документи заверени на нотар.

ЗАБЕЛЕШКА: Роковите и потребните документи за запишување на примените кандидати дополнително ќе бидат објавени на веб страната на Факултетот.

Упатство за електронско пријавување

Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk. Потребните документи за пријавување НЕ се прикачуваат во I know системот, туку се доставуваат  на Факултетот во рокот утврден со конкурсот.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил.

Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025

Запишувањето на примените кандидати од третиот уписен рок на прв циклус студии ќе се врши на шалтерите на Одделението за студетски прашања (трет кат) на 30.9.2024 год. од 12.30 -14.30 часот.

  1. Индекс
  2. Студентска легитимација
  3. Три фотографии: две со димензии 3,5 х 4,5 cm, една со димензии 2 х 3 cm
  4. Договор за студирање на ФЕИТ (се добива на шалтерот на денот на упис)
  5. Единечен статистички лист за запишување во 2024/2025 учебна година (ВОИ-20) (се купува од книжарница)
  6. Потврда за уплатени 750,00 ден. За информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ – ФЕИТ:

      Депонент: НБРМ

      Трезорска сметка: 100000000063095

      Cметка на буџетски корисник: 160010368978818

      Повикување на број: 723012, програма 41

  1. Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв семестар.

      Депонент: НБРМ

      Трезорска сметка: 100000000063095

      Cметка на буџетски корисник: 160010368978818

      Повикување на број: 723019, програма 41

  1. Потврда за уплатени 1700,00 ден. На жиро сметка на ФЕИТ со назнака за набавка на материјални ресурси за реализација на студиска програма:

      Трезорска сметка: 100000000063095

      Cметка на буџетски корисник: 160010428678814

       Повикување на број 723012, програма 41

       Депонент: НБРМ

       Со назнака: материјални трошоци

  1. ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА (ПАРТИЦИПАЦИЈА)

Потврда за уплатени 6.150,00 ден*. (прва рата од 200 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 160010428678814

Повикување на број: 723012, програма 41

Депонент: НБРМ

Со назнака: Партиципација за упис на ФЕИТ

            ЗА СТУДЕНТИ ВО КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ (ШКОЛАРИНА)

Потврда за уплатени 12.300,00 ден*. (прва рата од 400 eвра) на жиро сметка на ФЕИТ:

Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 160010428678814

Повикување на број: 723012, програма 41

Депонент: НБРМ

Со назнака: Школарина за упис на ФЕИТ