ЕРАЗМУС+ конкурс за мобилност на наставен кадар

Објавено: септември 26, 2024

                   УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС

за мобилност на наставен кадар во рамки на програмата ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2024/2025 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ 131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за престој на наставен кадар на високообразовните институции во програмските држави:

  • државите членки на ЕУ
  • државите членки на ЕФТА кои се членки и на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн)
  • Република Србија и Република Турција

Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет страната на УКИМ-Erasmus+ (www.ukim.edu.mk).

Времетраење на мобилноста:

  • 3 до 5 работни дена не сметајќи го времето потребно за патување
  • мобилноста за наставен ангажман (teaching) подразбира минимум 8 часови настава во текот на престојот

Право на пријавување

Наставен, соработнички и стручен кадар во редовен работен однос на УКИМ.

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и универзитетите во некоја од програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

      мобилност за обука (training) :

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот  најдоцна до 13 декември 2024 година.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува наставникот и еден примерок со пропратно писмо од факилтетот се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот  на УКИМ е 20 декември 2024.

Висината на стипендијата за наставен кадар изнесува 148-190 ЕУР на ден, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

Индивидуалните апликации нема да бидат земени во предвид.

 

                                                                                           УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ