Тим од студенти на ФЕИТ од програмата КХИЕ (Марко Петров, Филип Петковски, Ристе Наќев, Тијана Петковска, Андреј Илиевски и Стефан Василевски) под менторство на проф. Јосиф Ќосев и асс. Никола Јовановски, аплицираа и добија финансирање на материјалните трошоци за проектот од организацијата EPICSinIEEE. Целта на финансирањето е да се искористи техничкото знаење на студенти-волонтери во интерес на Заедницата.
Во овој проект, конкретно, целта е да се подигне свеста на средношколците за сеприсутното загадување на воздухот и здравствените последици од него преку лесно следење на нивоата на ПМ честиците во околината на престојување.
Студентите работеа минатиот семестар и преку летото и изработија десет уреди за следење и прикажување на ПМ честичките (нивоата на ПМ2.5 и ПМ10), како и температурата и влажноста на воздухот. Уредите ќе бидат подарени на средните училишта со кои ФЕИТ соработува и кои учествуваа во апликацијата за проектот.
Еден ваков уред е поставен и во кругот на ФЕИТ, а вредностите што ги покажува можат да се видат на (link ThingSpeak), како и во холот на Анексот на ФЕИТ/МФ над влезот во Лабораторијата за електроника.
Поставувањето на уредите во училиштата започна оваа седмица и еден уред веќе работи во кругот на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а следната седмица е планирано поставување во училиштата „Михајло Пупин“ и „Владо Тасевски“.
За проектираниот систем и изработениот прототип тимот напиша и објави труд на конфернцијата ЕТАИ2024.
Проектот тече до крајот на јануари 2025 год., но има и “follow-up” период од една година. Некои членови од тимот веќе дипломираа или се пред дипломирање (Марко Петров и Филип Петковски), но се приклучија нови членови (Максим Пановски и Огнен Пендаровски).
Училишта кои што ја поддржаа апликацијата за проектот пред IEEE (по редослед на приклучување): Михајло Пупин – Скопје, Ѓорѓи Наумов – Битола, Коле Неделковски – Велес, Владо Тасевски – Скопје, Ѓорче Петров – Крива Паланка, Ристе Ристески Ричко – Прилеп, Гошо Викентиев – Кочани, Раде Јовчевски Корчагин – Скопје
Носител на правата од овој проект е EPICSinIEEE.