Награда за вон. проф. Христијан Ѓорески од ФЕИТ за посебен придонес во науката

Последна измена: ноември 14, 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) традиционално го одбележува 10. ноември,  Светскиот ден на науката за мир и развој. По овој повод, УКИМ доделува награди за најдобри научници и уметник за исклучителни достигнувања во науката и уметноста во претходната година. Покрај овие награди, годинава Универзитетот додели и Плакета на осуммина професори од УКИМ во знак на признание за посебен придонес за развој на научноистражувачката дејност и  интернационализацијата и афирмацијата на Универзитетот. Плакетите се доделени за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот и индексирани во базата Web of Science. Меѓу добитниците на ова исклучително признание е и вон. проф. Христијан Ѓорески од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Со гордост истакнуваме дека проф. Ѓорески со својата научно-истражувачка работа континуирано придонесува за меѓународна афирмација и препознатливост на УКИМ, а со тоа и на ФЕИТ. На проф. Ѓорески му ја честитаме наградата и во иднина му посакуваме уште поголеми научни достигнувања.