Персонализирано учење во мерната техника поддржано со машинско учење

Објавено: ноември 15, 2024

На 12.11.2024 преку зум платформата се одржа воведниот состанок  за почеток на проектот „Персонализирано учење во мерната техника поддржано со машинско учење“  (PEMS-ML). PEMS-ML е проект на ФЕИТ од програмата KA220-HED – Cooperation partnerships in higher education (KA220-HED). Предвидено е да трае две години со вкупен буџет од 120000 евра. Проектот е ко-финансиран од Еразмус+ програмата од Европската Унија и почна со имплементација на 1 ноември 2024 година. Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е водечки партнер во проектот. Останати партнери во проектот се: Politecnico di Milano (Polimi) и Универзитет у Нишу, Електронски Факултет (UNI).

Во проектот се предвидува развој на иновативен концепт на персонализирано учење во високото образование и негова примена во областа на мерната техника. Овие едукативни концепти се во синергија со најновите препораки од областа Едукација 5.0 каде што студентот и неговите лични особености се наоѓаат во центарот на едукативниот процес. Имплементацијата на концептот на персонализираното учење ќе се изврши со примена на машинско учење и вештачка интелигенција.

Како очекувани резултати е развојот на интерактивни мултимедијални материјали и дизајн на софтверски платформи насочени кон персонализирано учење.

На виртуелната конференција се договори првиот kick-off состанок да се одржи на 5 и 6 декември во Скопје, на Факултетот за електротехника и информациски технологии.