Пријавување испити – Втор циклус студии

Објавено: декември 17, 2024

Пријавувањето испити за студентите од втор циклус студии во јануарската  испитна сесија 2025 ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот

 од 2.1. до 18.1.2025 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5.

За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават и уредно пополнети пријави  до предметните наставници на самиот испит. Во пријавата  задолжително се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма и серискиот број добиен од iKnow системот.

Важно: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 1000,00 ден. за секоја задоцнета пријава најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Скопје, 18.12.2024 година  


Одделение за студентски прашања