28 мај до 24 јуни 2019 година
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet” од 28 мај до 24 јуни 2019 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на NGN Evolution, Future Networks и Ultra-Broadband Internet вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени Интернет фундаменталните основи, вклучувајќи ги Интернет архитектурите, (клиент-сервер, peer-to-peer), протоколите (IPv4, IPv6, TCP, UDP), IPv4 и IPv6 адресирањето, DNS, Интернет мрежното работење (уникаст, мултикаст), WWW сервисите (Web 2.0, Web 3.0), управувањето со Интернет сообраќајот и QoS, како и стратешкото управување со Интернет. Понатаму, курсот ќе ги опфати и Next Generation Networks (NGN) според ITU, NGN еволуцијата (NGNe), Future Networks, Software Defined Networking (SDN), QoS за NGN и Future Networks, доверливи околини во ICT инфраструктурите, како и бизнис и регулаторните аспекти на Future Networks и доверливите ICT инфраструктури. Исто така, ќе бидат опфатени и ultra-broadband xDSL пристап според ITU, кабелскиот пристап (DOCSIS 3.0/3.1), ultra-broadband оптичкиот пристап (G-PON, XG-PON, NG-PON2), QoS за фиксен ultra-broadband пристап, Carrier Ethernet (Metro, Regional, Global), MPLS и VPN (Virtual Private Networks), SDN контрола на транспортните мрежи, од крај до крај QoS, како и стратешките аспекти на ultra-broadband за дигиталната економија и општеството. На крајот, курсот ќе ги опфати NGN VoIP и IPTV, cloud edge и fog computing, Internet of Things (IoT) базирани на NGNe, Artificial Intelligence (AI) за ICT, Big Data, Smart Sustainable Cities (SSC), OTT ultra-broadband сервисите (2k/4k/8k video, AR/VR, говор, пораки, социјални мрежи), мрежната неутралност, како и бизнис и регулаторните аспекти на ultra-broadband сервисите во дигиталната ера.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на NGN Evolution, Future Networks и Ultra-Broadband Internet, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на NGN Evolution, Future Networks и Ultra-Broadband Internet се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 27 мај 2019 година.