Избор на млад инженер на годината

Објавено: февруари 21, 2025

Инженерската институција на Македонија, по повод Денот на македонските инженери, избира млад инженер на годината за 2024 година. Целта на оваа иницијатива е најширока и ефикасна промоција на младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се определуваат за инженерска професија.

Како дел од Инженерската институција на Македонија, и Факултетот за електротехника и информациски технологии се приклучува кон иницијативата и ги повикува своите млади колеги завршени инженери по електротехника и информациски технологии да ги разгледаат потребните детали дадени во информацијата и да се пријават за ова престижно признание.

Пријавата се доставува електронски на линкот https://bit.ly/prijava-yeps.

Рокот за пријавување е 25ти февруари 2025 година.