С О О П Ш Т Е Н И Е
Заверка на летен семестар
Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје дека заверка на летниот семестар од учебната 2018/2019 година на прв циклус студии ќе се врши од
28.5 до 3.6.2019 година
Заверката на летниот семестар ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот.
Студентите кои во горенаведениот рок нема да ја реализираат заверката на семестарот, истото ќе можат да го направат при уписот на зимскиот семестар со надомест од 500,00 ден..
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Потребни документи за заверка на летниот семетар:
- Индекс
- Семестрален лист (образец A4) пополнет со предметите што се слушале во летниот семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такс.
- Студентите кои плаќањето на партиципацијата го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница за целосно реализирани обврски според одобрената молба.
Напомена: доколку образецот и индексот
не се комплетно пополнети (фонд на часови, број на кредити, предметен наставник
итн.) истите нема да бидат обработувани и заверката ќе се смета за
нереализирана.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Услови за заверување на семестарот
- Студентот може да го завери летниот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
- потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис од предметниот наставник во индексот на студентот.
- Семестарот може да се завери и без потпис за даден предмет, при што се плаќа НАДОМЕСТОК во износ од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (износот од 1000,00 ден. се однесува и за повеќе од еден неземен потпис). За предмет за кој нѐ е земен потпис, студентот го губи правото за полагање, и истиот се смета за неислушан. Дококу предметот ѐ задолжителен, студентот е должен да го запише и ислуша во следната учебна година.
Скопје, 20.5.2019 година Одделение за студентски прашања на ФЕИТ