ФЕИТ потпиша договор за соработка со македонската компанија за производство и автоматизација на специјализирани машини за обработка на дрво и плочест материјал Гоматик ДОО од Куманово. Во рамките на оваа соработка, Гоматик ДОО ќе донира средства за набавка на мобилна роботска платформа, за експериментирање со напредни алгоритми од автономна навигација, управување и перцепција, а со цел обновување и модернизација на опремата за настава и истражување на Институтот за автоматика и системско инженерство (ИАСИ) при ФЕИТ. На овој начин Лабораторијата за АСИ ќе се стекне со нова опрема за наставна, научна и стручно апликативна намена, а Гоматик ДОО ќе се приклучи на растечката група на партнери на ФЕИТ од индустријата.