Електромобилност и иновации: Летна школа за претприемништво во ерата на електрични возила

Објавено: мај 13, 2025

Летната школа „Електромобилност и иновации“ е интензивна петтдневна програма наменета за студенти на УКИМ од различни академски позадини кои се заинтересирани за иновации, електрични возила и претприемништво. Целта е да се поттикне критичко размислување и практичен развој на бизнис концепти во сферата на одржлива мобилност.

Програмата вклучува комбинација од предавања од национални и меѓународни експерти (академија, индустрија, стартапи), работилници за развој на бизнис планови, менторски сесии и тимска работа. Учесниците ќе работат во мали интердисциплинарни тимови и ќе развијат иновативни решенија поврзани со производи, услуги или дигитални алатки во секторот на електрични возила. Школата ќе се одвива во два дела: предавања (31.05.2025, 02.06.2025) и работилница + натпревар (9-11.06.2025).

Последниот дел од школата ќе се организира натпревар во развој на бизнис идеи, при што студентски тимови (до 3ца студенти во тим) ќе ги презентираат своите решенија пред жири составено од професори, претприемачи и претставници од индустријата. Најдобрите идеи ќе добијат награди и можност за понатамошен развој и вмрежување со потенцијални поддржувачи.

Датуми:

  • 31 мај 2025: предавања (ИНОФЕИТ).
  • 2 јуни 2025: обука и работилница (ИНОФЕИТ).
  • 3-8 јуни 2025: самостојна работа и подготовка на бизнис идеи, без потреба од физичко присуство.
  • 9-11 јуни 2025: обуки, работилници и натпревар (ИНОФЕИТ).

Регистрираните учесници мора да присуствуваат на најмалку 4 дена, вклучувајќи го последниот ден. Повеќе информации за проектот https://evolvev.eu/.