ИНОФЕИТ ЕДИХ на Италијанско-македонскиот бизнис форум: Нови можности за соработка

Објавено: јули 3, 2025

ИНОФЕИТ ЕДИХ беше дел од Италијанско-македонскиот бизнис форум, кој се одржа во хотел Александар Палас во Скопје на 2 јули 2025. Настанот беше организиран од Амбасадата на Италија во Скопје, Италијанската трговска агенција (ITA) и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија.

Форумот обедини над 40 италијански компании и финансиски институции, предводени од Н.Е. Мариа Триподи, заменик министер за надворешни работи на Италија, и беше посветен на проширување на соработката во следните сектори:

  • инфраструктура,
  • енергетска транзиција и циркуларна економија,
  • дигитализација и технолошки иновации,
  • поддршка на инвестиции преку финансиски инструменти.

ИНОФЕИТ ЕДИХ ги претстави своите активности и бесплатни услуги насочени кон дигитална трансформација на малите и средни претпријатија и јавните институции во Северна Македонија.

Во рамки на B2B средбите остварени се директни контакти со неколку италијански компании, при што договрени се чекори за понатамошна соработка во областа на дигитализацијата и иновациите.

ИНОФЕИТ ЕДИХ ги повикува сите заинтересирани компании да ја искористат поддршката што ја нуди ИНОФЕИТ ЕДИХ – со заеднички напори создаваме посилна, поиновативна и поконкурентна економија.