Соопштение за дополнителна ден сесија

Објавено: септември 11, 2025

Дополнителната ден сесија за предметите од зимскиот/непарен семестар во учебната 2024/2025 година ќе се одржи во четврток, 18.9.2025 година.
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната ден сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=32941

во периодот од 00:00 часот на 12.9.2025 год. до 12:00 часот на 17.9.2025 година. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1.200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство)

Реализираната уплата од 1.200,00 ден. се прикачува на уредно пополнетата хартиена пријава за испит и се остава во испитната тетратка на денот на испит.

Скопје, 11.9.2025 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ