Традиционалната Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР , во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и под покровителство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје годинава ќе се одржи по тринаесети пат, во периодот од 28-ми до 31-ви октомври 2025.
Конференцијата за истражување и промоција на енергетска ефиканост и одржлив развој – СКЕЕОР Скопје e етаблиран настан инициран и организаиран од студентите на ФЕИТ при УКИМ, кој успешно опстојува повеќе од една деценија, активно делувајќи кон промоција и поттикнување на свеста за проблемите и решенијата поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој.
Целите на конференцијата се:
- подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност;
- овозможување научно-истражувачка и практична работа на студентите;
- постигнување меѓусебна размена на знаења и искуства од оваа област;
- овозможување заемна соработка помеѓу академската заедница и компаниите од оваа област.
Конференцијата веќе неколку години наназад се организира како меѓународна конференција, со учество и на студенти и предавачи од странство, а во рецензијата на студентските трудови е вклучен целосно меѓународен Научен одбор. Досегшните конференции покажаа дека СКЕЕОР е одлична можност за спојување на академијата со бизнис секторот и креирање на мост помеѓу студентите и нивните потенцијални работодавачи. По завршување на конференцијата, се издава зборник на трудовите презентирани на конференцијата. Зборникот на трудови ја обезвременува студентската досетливост и креативност, а во целост е јавно достапен за да заискри интерес кај идните истражувачи и инженери.
Роковите за пријавување на студенти за учество на конференцијата се:
-15 октомври 2025, Регистрирање и пријавување на наслов и апстракт на труд
-20 октомври 2025, Поднесување на првична верзија на трудот
Ве повикуваме да бидете дел од годинешниов СКЕЕОР 2025.
Организационен одбор на СКЕЕОР