Прв академски час на ФЕИТ во учебната 2025/2026

Последна измена: октомври 3, 2025

На 1 коктомври Со особено задоволство го означивме почетокот на академската година за бруцошите на ФЕИТ. По одржаниот прв академски час на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, новите студенти ги пречекавме и во просториите на ФЕИТ, овојпат во навистина голем број.

Во името на наставниот кадар на ФЕИТ, продеканката за настава, проф. Марија Календар, им посака добредојде на генерацијата студенти која го започнува својот академски пат во оваа учбна 2025/2026 година. 

Деканот на ФЕИТ, проф. Атанасовски, на новите студенти на ФЕИТ им се обрати со порака храбро да го прифатат новиот животен предизвик, станувајќи дел од светот на технологијата кој постојано  се се менува. Ве уверувам дека ФЕИТ е повеќе од предавања и испити. „Тука ќе ги запознаете вашите идни пријатели, соработници и, можеби, партнери со кои ќе создавате нови идеи. Искористете ги сите ресурси на нашиот факултет за ваша лична надградба. А нив ги има многу, лаборатории, центри, школи, работилници. Вклучете се во спортските и културните активности, во ФСС, градете широчина на духот. Овие години се единствени – живејте ги со полни гради.“ истакна деканот на ФЕИТ.

На првиот час беа доделени стипендии од ФЕИТ на седум студенти кои освоиле награди на државни и меѓународни натпревари. Покрај тоа, инженерското здружение МАКО СИГРЕ додели стипендии на тројца студенти запишани на електроенергетските студиски програми со највисок број на освоени поени од средното образование.

Посакуваме успешна академска година на студентите и наставниот кадар на ФЕИТ.