Состанок во рамките на проектот Eco Minds: Обликување на иднината на учењето

Објавено: октомври 20, 2025

Партнерите на EcoMinds од цела Европа се собраа во Љубљана на четвртиот транснационален состанок (TPM4), во организација на Средното стручно училиште Вегова од Љубљана кое е значаен партнер во проектот. На состанокот присуствуваа претставници од сите партнери во проектот:  Кооридинаторот Универзитетот за применти науки во Шибеник, Универзитетот во Задар од Хрватска, Универзитетот Луис Гуидо Карли од Италија, Националниот технички универзитет на Украина – Игор Сикорски и како надворешен партнер невладината организација ODRAZ – Одржлив развој на заедницата. Од страна на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на состанокот присуства неколку колеги вклучени во работата на проектот.

Во рамките на овој состанок се дефинираа и утврдуваа предлозите за иновативни едукативни материјали кои ги поврзуваат вештачката интелигенција, науката за податоци и одржливоста. Овој состанок претставува важен чекор напред во развојот на содржина што ќе им помогне на идните ученици и студенти да се подготват за зелена и дигитална иднина.

Повеќе информации (ЛИНК) за состанокот и за проектот:

https://www.ecominds.eu/article/eco-minds-tpm4-in-ljubljana-where-innovation-meets-sustainability