Крводарителска акција – Црвен крст

Објавено: декември 2, 2025

Согласно интегралниот годишен план за крводарителски акции на територија на РСМ, во месец декември 2025 година ќe се реализираат крводарителските акции за студенти и вработени во Студентските домови и факултетите. Ве информираме дека е договорен термин за крводарителска акција наменета за студентите и вработените од Кампусот факултети во Карпош 2 (ФЕИТ, ФИНКИ, МФС и ТМФ) на ден 02 и 03 декември 2025 година – вторник и среда, двата дена во перидот од 10 до 15 часот во читалната на ФЕИТ.

Сите потенцијални дарители потребно е пред акцијата да бидат одморени, да бидат лесно јадени, 30 минути пред дарувањето да имаат пиено 2-3 чаши вода, да не конзумирале алкохол изминатите 24 часа. Дарителите потребно е да се со добра општа здравствена состојба. (и мала настинка е пречка за дарување) Сите дарители треба да носат документ за лична идентификација.

Презентација со основни податоци за крводарителството.

Со цел соодветна организација потребна е евиденција на пријавените лица за дарување крв. За таа цел во прилог на овој е-маил ви доставуваме линк од google формулар за пријавување.

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdbhdw_bYHWkEMxMdQih0SHzWs_ZyC2r1OZItWM2DZpBZF2VA/viewform?usp=sharing&ou