
Научноистражувачкиот труд со наслов „Innovative Strategy for Electrical Calibration Management – Laboratory Sustainability for Metrology 5.0“ од авторката проф. д-р Марија Чундева-Блајер од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е награден со Награда за најдобар труд на меѓународниот научен собир 2025 IEEE International Workshop on Metrology for Sustainability, одржан од 4-5 декември 2025 година во Беневенто, Италија.
Трудовите беа оценувани врз основа на техничка вредност, оригиналност, потенцијално влијание врз областа, јасност на пишаниот труд и квалитет на презентацијата на конференцијата.
IEEE International Workshop on Metrology for Sustainability претставува интернационален форум за истражувања во областа на метрологијата за одржливост, што ги опфаќа најсовремените прашања кои бараат заеднички и интердисциплинарен научен пристап преку иновативни решенија во областа на метрологијата и одржливоста.
Ова признание претставува уште едно потврдување на високото ниво на научноистражувачка работа на ФЕИТ и ангажираноста на нашите академски кадри во понуда на решенија за современите глобални предизвици.
Повеќе информации на https://metrosustainability.org/awards

