Информација за уписи (државна матура и државна стручна матура)

Објавено: декември 18, 2025

Се известуваат кандидатите од сите средни училишта во државата дека на Факултетот за електротехника и информациски технологии на сите акредитирани студиски програми од прв циклус студии, може да се запишат:

 1. Кандидати со ПОЛОЖЕНА ДРЖАВНА МАТУРА од сите средни училишта во државата, и

 2. Kандидати со ПОЛОЖЕНА ДРЖАВНА СТРУЧНА МАТУРА, од следните сектори од средно стручно образование:

               * Електротехника и информатички технологии (сите струки);

               * Машинство (сите струки)