Наука и технологија во пракса во ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

На 23 декември 2025 година, во ФЕИТ ФабЛаб, успешно се реализираше работилницата
„Од пластика до 3D модел: Наука и технологија во пракса“, со учество на ученици од СТЕМ клубот при СУГС „Орце Николов“ – Скопје.

Работилницата се одржа во инспиративната средина на ФЕИТ ФабЛаб – современ иновациски и едукативен простор кој овозможува практично учење, креативно размислување и реализација на инженерски идеи преку напредни технологии.

На настанот се обратија Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Владимир Атанасовски, како и раководителот на ФЕИТ ФабЛаб, проф. д-р Живко Коколански, нагласувајќи го значењето на ФЕИТ како најдобар инженерски факултет во државата, кој континуирано инвестира во квалитетно образование, иновации и поддршка на младите таленти.

Предавањата и стручниот дел од работилницата ги реализираа
проф. д-р Христина Спасевска и вонр. проф. д-р Ивана Фабијаниќ Сандева, додека во рамките на практичниот дел, насоки за принципот на работа и користење на 3D принтерот им дадоа Марко Доневски, студент од IV година на студиската програма ЕАОИЕ, и Лука Дамјанов, студент од III година на КСИАР.

Од идеја до 3D модел – учење, креативност и инженерство во акција!
ФЕИТ продолжува да ја гради иднината на инженерството.