
Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на одделот – Мерење на мрежа, Група Лабораторија за броила бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ – КОНТРОЛОР (М/Ж)
со место на работа во СКОПЈЕ
Работни задачи:
- Планирање и спроведување на процедури за набавка на броила и дистрибутивни пломби (во однос на техничкиот дел)
- Спроведување на испитни процедури за верификација на броила
- Спроведување на евалуација на броила
- Водење статистика за квалитетот на броилата
- Проверка на протоколи од испитување на броила
- Испитување на броила на испитна станица
- Планирање и контрола на замена на броила заради вонредна/периодична верификација или нефункционалност на броилата
- Ажурирање на податоци за броила и движење на броила во kVASy
- Одржување на испитна опрема
- Магацинско работење, спроведување на испораки на броила
- Спроведување на обуки за броила и врши други работи согласно описот на функциите на одделот.
Потребни компетенции:
- III – V степен образование (Електроинженер)
- Лојалност, флексибилност и одговорност
- Тимска работа и комуникативност
- Минимум 2 години работно искуство
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, аплицирајте преку приложениот линк со CV и мотивациско писмо до 19.01.2026
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx .

