Пријавување и запишување на кандидати на втор циклус студии во вториот уписен рок 2025/2026

Објавено: јануари 15, 2026

Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2025/2026 година во вториот уписен рок ќе се врши од 15.1.2026 година.
Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
ВАЖНО: Ако се работи за кандидат кој и на прв циклус студии студирал на УКИМ и бил регистриран во iknow системот, регистрацијата да ја изврши со НОВА e-mail адреса.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при поднесување на документите.
Поднесувањето на документите за пријавување на кандидатите задолжително се врши во хартиена форма на шалтерите на Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 2.2 до 13.2. 2026 од 12:30 до 14:30 часот.
Потребни документи:

  • Пријавен лист за запишување (А1 образец);
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист;
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
  • Куса биографија (CV);
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.);
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија)
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има);
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
  • Документи за евентуални награди, признанија и други документи.
  • Изјава за користење лични податоци (се печати и од електронската пријава)

Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2024/2025 година ќе се врши на 18.2 и 19.2.2026 година од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Пријавен лист за запишување (А3 образец) – пополнет со личните податоци на кандидатот и предметите што ќе се слушаат во овој летен/прв семестар (се купува од книжарницата на факултетот),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 160010428678814

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на летен семестар 2025/2026