Согласно академскиот календар за учебната 2025/2026 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи на 4.2.2026 година (среда).
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во летниот семестар во учебната 2024/2025 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=33629
во периодот од 12:00 часот на 29.1.2026 год. до 12:00 часот на 3.2.2026 год.. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство).
Пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница задолжително се остава во испитната тетратка.
Скопје, 28.1.2026 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ

