Доставување на документите за запишување на летниот семестар во учебната 2025/2026 година ќе се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 12:30 до 14:30 часот во периодот
од 16.02. до 17.02.2026 година
Online пријавувањето во iknow е задолжително (од 04.02. до 17.02.2026). Во iknow системот (www.iknow.ukim.mk) секој студент треба да го запише летниот семестар 2025/2026 и да ги запише предметите што ќе ги слуша во овој семестар.
ВАЖНО: ПРЕД ДА ГО ЗАПИШЕ ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР, СТУДЕНТОТ ТРЕБА ДА ГО ИСПЕЧАТИ од iknow Интерниот лист со предметите што се слушал во зимскиот семестар 2025/2026 во кој се гледаат добиените потписи)
По наведениот термин електронскиот систем – iknow се затвора и студентот ќе може да го запише семестарот административно со доставување на уплата за задоцнето запишување на семестар на жиро сметка на ФЕИТ од 1.500,00 ден. (Ценовник)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР:
- Индекс
- Интерен лист со предметите што ќе се слушаат во летниот семестар 2025/2026 (се печати од Iknow системот)
- Уплата од 100,00 ден. за трошоци за запишување и заверување на семестар:
Депонент (Банка): НБРМ
Трезорска сметка: 100000000063095
Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Повикување на број: 723019, програма 41
со назнака: запишување и заверка на семестар
- Уплата за школарина.
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Депонент: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Трезорска подсметка: 1600104286 788 14
Повикување на број: 723012, програма 41
Цел на дознака: школарина
Напомена:
– Студентите запишани во првиот уписен рок 2025/2026 го доставуваат вториот дел од школарината во висина од 750 евра во денарска противредност, односно третата рата за школарина ако плаќаат на рати.
– Студентите кои презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра по предмет (во денарска противвредност), а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
ВАЖНО:
Уплатата за запишување на семестар:
-
- Може да се изврши електронски преку iknow системот после валидација на запишаните предмети од страна на Одделението за студентски прашања.
или
-
- Може да се изврши и на вирман во банка, пошта или електронско банкарство и да се донесе потврда за уплатата
ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРАЗЕН СЕМЕСТАР
Студентите кои ги положиле сите предмети од летниот семестар 2024/2025 и пријавиле тема за магистерски труд запишуваат празен семестар. Доколку се запишува празен семестар по втор или повеќе пати се доставува уплата од 1.000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА на зимскиот семестар 2025/2026:
Напомена: Зимскиот семестар 2025/2026 го заверуваат само студентите кои имале запишано предмет/ти во истиот.
- Индекс (комплетно пополнет со предметите кои се слушале во семестарот што се заверува);
- Интерен лист со предметите што се слушани во зимскиот семестар 2025/2026 во кој се гледаат добиените потписи (се печати од iknow системот ПРЕД ДА СЕ ЗАПИШЕ ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР)
- Уплата за рата за зимскиот семестар 2025/2026 (доколку школарината се плаќа на рати).
- Внесени потписи во Iknow системот за сите слушани предмети.
Забелешка: Доколку за некој предмет (или повеќе предмети) не се добиени потписи, се доставува уплата од 1.000,00 ден. на с-ка на ФЕИТ со цел на дознака: недобиен потпис
БИТНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Неположените задолжителни предмети студентот има обврска да ги презапише, а неположените изборни премети можат да се презапишат или да се заменат со друг изборен предмет. При тоа, ако се запише нов предмет се плаќа целиот износ на кредитите што ги носи предметот (бр. на кредити Х 25 евра).
- Студентите кога презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра по предмет (во денарска противвредност), а при секое наредно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
- Тема за магистерски труд се пријавува со освоени 30 кредити;
- Крајниот рок за пријавување тема за изработка на магистерски труд е по истекот на три семестри од уписот. Студентите кои по истекот на овој рок (при запишување на четвртиот семестар) немаат пријавено тема, должни се да уплатат 100 евра (во денарска противвредност) заради неисполнет услов за пријавување тема;
- Ако тема за магистерскиот труд не е пријавена по истекот на четири семестри (при запишување на петтиот, шестиот и понатаму семестар), студентот е должен да го презапише со уплата од 600 евра (во денарска противвредност) на сметката на ФЕИТ.
- Студентите запишани заклучно со генерација 2022 на акредитација 2018 (прв и втор уписен рок) доколку сакаат да ги продолжат студиите, при уписот во летниот семестар 2025/2026 ќе преминат на нова акредитација (2023) со еквиваленција на предметите (според правилата за еквиваленција и соодветни уплати за неостварените обврски. Притоа, ако студентот нема предмети за запишување, тој е должен да го презапише магистерскиот труд со уплата од 600 евра (во денарска противвредност) и до крај на семестарот да пријави тема.
- За еквиваленција се потребни следните документи: молба со 50,00 ден. административна такса, уплата од 3.000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ и уверение за положени испити (уверението се добива со уплата од 50,00 ден. административна такса и 200,00 ден. на жиро с-ка на ФЕИТ).
Скопје, 29.01.2026 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ

