
Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ ќе биде дел од Саемот за образование и кариера 2026 .
ФЕИТ е меѓу најпрестижните високообразовни институции во РСМ која обезбедува континуирано образование на стручни и претприемливи индивидуи во областа на електротехниката и информациските технологии. Обезбедувајќи постојана технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, ФЕИТ остварува континуирано образование на стручни, креативни индивидуи, кои не само што ќе работат успешно во своето професионално поле, туку и ќе создаваат нова работа и афирмираат нови можности и откриваат нови хоризонти.
Образовната мисија на ФЕИТ се остварува со додипломските, последипломските и докторските студии, како и преку интензивна комуникација со студентите.
ФЕИТ е горд на своето успешно 65 годишно постоење, кое е постојано потврдено со учества во бројни научно-истражувачки меѓународни проекти. Создавајќи услови за трансфер на знаење и технологија ФЕИТ дава силна подршка на технолошкиот и економски одржлив развој на нашето стопанство.

