Претставници од 20-тина компании кои учествуваа на македонско – словачкиот бизнис форум на 19.02.2026, остварија посета и на ФЕИТ со цел поблиско запознавање со можностите за соработка и реализација на заеднички проекти од интерес. Компаниите добија увид во капацитетите на ФЕИТ, како и соработката што се одвива преку ИНОФЕИТ и ИНОФЕИТ ЕДИХ. Беше извршена демонстрација на првата жива лабораторија во Македонија (сместена во просторот на ИНОФЕИТ) како и детално запознавање со опремата и развиените прототипови и во ИНОФЕИТ IoT лабораторијата и во ФЕИТ ФабЛаб. Претставниците од словачките компании беа импресионирани од капацитетите на ФЕИТ и беа договорени неколку проекти и взаемни посети во блиска иднина.



