На 13 Март во Деканатот на ФЕИТ го одбележавме приемот на донацијата од Контрон што се состои од:
– пет комплета микрокомпјутери Raspberry Pi 5
– пет комплета микрокомпјутери STMP157, (во Контрон наречени „Олгица“)
во вредност од 1500 евра.
Кај Деканот беа присутни Управителот г-н Слободан Јовановски, Заменик управителот г-ѓа Даниела Јовановиќ и Раководителот на Embedded Division г-н Слободан Бешковски од Контрон, проф. Ралева и проф Ќосев од Институтот за електроника, како и тројца претставници на студентите од програмата КХИЕ запишани на Вградливи микрокомпјутерски системи.
Институтот за електроника и Контрон соработуваат во областа Вградливи микрокомпјутерски системи веќе две години, што резултираше со три инженери од програмата КХИЕ да бидат вработени во Контрон. Исто така минатиот семестар г-н Бешковски презентираше некои од Embedded технологиите на компанијата на часовите од предметот Вградливи микрокомпјутерски системи на ФЕИТ.
Оваа донација ќе ја подигне нашата соработка на повисоко ниво и ќе им овозможи на студентите да работат проекти со актуелни уреди и технологии, директно употребливи во Embedded инженерската практика.



