Во текот на месеците јуни, јули и август 2026 година, во Народната банка на Република Северна Македонија ќе се спроведува практична работа за студентите кои ја вршат практичната работа во рамките на образовната програма на високообразовните институции, и се тековно запишани на прв циклус на студии или на постдипломски студии на високообразовните институции, од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка. Практичната работа ќе се спроведува согласно капацитетот и потребите на организациските единици во Народната банка.
Повеќе инфорамции и пријавување преку веб страницата на Народната банка:

