Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ има задоволство да ве покани да учествувате на интерактивна работилница на тема: „Одржлива енергија за иднината и интелигентни мрежи“
Работилницата ќе се одржи на 15 април (среда) од 11 до 15 часот во ФАБЛАБ на ФЕИТ, наменета е за средношколци и има за цел преку практична работа и дискусија да ги запознае учениците со основите на соларна и ветерна енергија, водородни технологии и складирање на енергија, како и предизвиците што ги носи зголемената интеграција на обновливи извори во електроенергетските мрежи.
Во рамки на работилницата, учениците ќе работат во тимови со современа лабораториска опрема (Horizon Renewable Energy Education Set). Тие ќе имаат можност да изведуваат експерименти поврзани со производство, складирање и користење на енергија.
Дополнително, наставници и истражувачи од ФЕИТ ќе одржат кратки интерактивни предавања со кои ќе им ги приближат на средношколците реалните предизвици од енергетската транзиција.
Вкупниот број на учесници е ограничен (20 ученици), при што се препорачува пријавување во тимови. Доколку има заинтересирани, ве молам најдоцна до 9.4.2026 да се регистрирате на следната врска: https://forms.gle/N9xzfUJQy9YKSXP89
со следните податоци за учесниците: име презиме, име на училиште и контакт телефон.
Контакт: celeska@feit.ukim.edu.mk
Агенда за настанот:


