Проф. д-р Петар Поповски, стана член на Кралската данска академија на науките

Објавено: јуни 11, 2026

Со огромна гордост и чест ја споделуваме веста дека истакнатиот научник, наш алумни и актуелен визитинг професор на ФЕИТ, проф. д-р Петар Поповски, е избран за нов член на престижната Кралска данска академија на науките (The Royal Danish Academy of Sciences and Letters). Станува збор за една од најреномираните европски академски институции, чиј претседател во минатото бил и легендарниот физичар Нилс Бор.

Овој историски успех е од огромно значење за македонското високо образование, но и за нашиот Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Проф. Поповски дипломираше и магистрираше токму на ФЕИТ, каде ги постави темелите на својата врвна меѓународна кариера во областа на безжичните комуникации.

Како негови колеги и професори, изразуваме огромна гордост за овој успех на нашиот поранешен студент и сегашен соработник, упатувајќи му најискрени честитки.