Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) традиционално ги наградува студентите кои во текот на претходната академска година оствариле исклучителен успех во студирањето. И оваа година беа одликувани студентите кои постигнале просечен успех над 9,00, потврдувајќи ја својата посветеност, упорност и стремеж кон академска извонредност.
Меѓу наградените се студенти од сите студиски години и сите студиски програми, а особено беа истакнати оние студенти кои академската година ја завршиле со максимален просек 10,00. Оваа година наградени се 16 студенти кои завршиле прва година, 13 студенти кои завршиле втора година и 16 студенти кои завршиле трета година. Од нив, шестмина ја завршиле годината со просечен успех од 10,00.
ФЕИТ се гордее со успесите на своите студенти и останува посветен на создавање средина која ги поттикнува високите академски достигнувања. Овие наградени 45 студенти се доказ дека трудот, дисциплината и љубопитноста кон новите знаења се препознаваат и вреднуваат.
На сите наградени студенти им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме многу нови достигнувања во текот на студирањето, а се надеваме дека ќе бидат дел и од најдобрите дипломирани на ФЕИТ.








