Пријавување испити на прв циклус студии во август – септемвриска испитна сесија 2026 ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од
1.7.2026 ̶ 21.8.2026
следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5.
Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава.
Во пријавата се внесуваат податоците за студентот, целото име на предметот, предметниот наставник, испитниот рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ/ЕЕПМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ).
Уредно пополнетата хартиена пријава се остава во испитната тетратка.
На студентите кои нема да достават пополнета хартиена пријава, оценката нема да им биде евидентира во iKnow системот.
НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 1000,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.
Скопје, 3.7.2026 година
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

