Конкурс за стипендии ЛОСТ и СОС ЛОСТ

Објавено: август 12, 2026

ЕВН Македонија и оваа година ги отвори повиците за аплицирање во рамки на програмите за стипендирање ЛОСТ и СОС ЛОСТ.

Преку програмата ЛОСТ  се обезбедува финансиска поддршка за студенти од електротехничките и факултети од областа информатички и компјутерски технологии кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Покрај стипендијата, програмата нуди можности за учење преку работа, менторство и професионален развој.

Преку програмата СОС ЛОСТ се доделуваат стипендии за ученици и студенти во социјален ризик, со цел да им се овозможат еднакви можности за квалитетно образование и подобра иднина.

Повеќе информации за начинот на пријавување можат да се најдат на следната врска: https://www.evn.mk/Career/Scholarship.aspx?lang=mk-mk

Рокот за пријавување е 15.9.2026.