Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани во прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), во академската 2026-2027 година.
Повикот е отворен од 1 јуни 2026 година до 31 август 2026 година.

Повеќе информации за условите, потребната документација, критериумите за избор и начинот на аплицирање се достапни во официјалниот повик:
https://ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2026/06/otvoren-povik-2026-2027.pdf

