СООПШТЕНИЕ – промена на студиска програма во учебната 2026/2027 година

Објавено: август 25, 2026

Студентите кои сакаат да извршат промена на студиска програма во учебната 2026/2027 година согласно Одлуката за промена на студиска програма, молбата за префрлање со 50 ден. административна такса ја поднесуваат во периодот од 14.9. – 18.9.2026 година преку Студентската архива (трет кат, Одделение за студентски прашања).

По завршувањето на рокот за предавање на молбите, ќе биде објавена конечна ранг листа, врз основа на која ќе се врши уписот на зимскиот семестар 2026/2027. Студентот има обврска да достави уплата во висина од 2000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: промена на студиска програма.

Од Одделение за студентски прашања на ФЕИТ