Запишување на примените кандидати – потребни документи

Објавено: август 27, 2026

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година ќе се врши на 3.9 и 4.9.2026 година. од во читалната на ФЕИТ од 8.30 до 15.00 часот со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Eлектронски образец за статистика ВОИ.20. – поставен на платформата Uslugi.gov.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска наместо во хартиена форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави во одделението за студентски прашања.
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, ФЕИТ, на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41,
  • Потврда за уплатени 1700,00 ден.

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723011, програма 41

      Цел на дознака: материјални трошоци

  • Уплата за школарина од 6.150,00 ден. (државна квота), односно 12.300,00 (квота со кофинансирање) на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на зимски сместар 2026/2027

  • Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2026/27.

  Депонент: НБРМ

  Трезорска сметка: 100000000063095

  Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

  Повикување на број: 723019, програма 41