Пријавување на кандидатите на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2026/2027

Објавено: септември 15, 2026

Електронското пријавување на кандидатите за упис на втор циклус студии во првиот уписен рок во учебната 2026/2027 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се врши со доставување на потребните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања од 12.30 до 14.30 часот во период од 1.10 до 16.10.2026 година.

Пред доставување на документите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од  iKnow-системот (системот е веќе отворен)  и трае од 16.9-16.10.2026.

ВАЖНО: Ако се работи за кандидат кој и на прв циклус студии студирал на УКИМ и бил регистриран во iknow системот, регистрацијата да ја изврши со НОВА e-mail адреса.

Идентификацискиот број, којшто кандидатот автоматски го добива од системот при електронското пријавување, треба да се внесе и во пријавата (А1 Образецот) што се поднесува при пријавувањето.

Дел од потребните документи се генерираат автоматски од системот iKnow.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист А1 образец (се купува од книжарницата на Факултетот),
  • Електронска пријава (од upisi.ukim.mk) – универзитетски пријавен лист и интерен лист (се печати од iKnow системот),
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки), а за кандидатите кои завршиле востранство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
  • Куса биографија (CV),
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.),
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50)Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00),
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија),
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има),
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има),
  • Документи за евентуални награди и признанија (доколку има),
  • Изјава за користење лични податоци(се печати од електронската пријава – iknow)