Запишувањето на примените кандидати во вториот уписен рок на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година ќе се врши на 21.9.2026 година на шалтерите на Одделенито за студентски прашања на ФЕИТ од 12:00 до 15:00 часот со доставување на следните документи:
- Индекс (пополнет),
- Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
- Eлектронски образец за статистика ВОИ.20. – поставен на платформата Uslugi.gov.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска наместо во хартиена форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави во одделението за студентски прашања.
- Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Приходна шифра: 723012, програма 41
Цел на дознака: ИКСА на УКИМ
- Потврда за уплатени 1700,00 ден.
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14
Приходна шифра: 723011, програма 41
Цел на дознака: материјални трошоци
- Уплата за партиципација од 6.150,00 ден. (државна квота), односно школарина од 12.300,00 (квота со кофинансирање) на жиро сметка на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Банка на примачот: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14
Приходна шифра: 723012, програма 41
Цел на дознака: партиципација/школарина за упис на зимски сместар 2026/2027

