Во рамки на проектот „Choose Science! Градење општество преку истражување и иновации”, во кој како партнери се вклучени Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење и Македонското еколошко друштво, се одбележува и Европската ноќ на истражувачите 2026.
Преку овој проект, Македонија и официјално се вклучува во Европското семејство на универзитети и научни институции, во приближување на науката и истражувањата на пошироката заедница, а особено на младите. ФЕИТ, преку иновативни работилници и презентации ги пренесе концептите поврзани со енергетската транзиција, интелигентни електроенергетски системи, машинското учење, компјутерски архитектури на учениците од средните и основните училишта во Скопје. Тие имаа можност да експериментираат со различни технологии и да осознаат како преку технологијата и инженерството тие во иднина можат да придонесат за подобро општество и поквалитетен живот.










