Се известуваат сите студенти запишани по првпат во прва година во учебната 2026/2026 (бруцоши) дека треба да се јават на задолжителен систематски преглед во период од 15.11.2026 до 15.02.2025 година секој работен ден од 7:30 до 12:00 часот.
Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“- Скопје, сместена во студентскиот дом “Кузман Јосифовски –Питу“, бул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 58.
Систематскиот преглед опфаќа: општ медицински преглед, стоматолошки преглед и лабораторија (во лаборатoрија од 7.30 до 10.00 часот).
Потребни документи:
- Индекс;
- Заверена здравствена легитимација
- Копија од здравствена легитимација од страна 2 до страна 5.
Систематскиот преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар 2026/2027 година, а доказ за тоа е печатот на ЗУ Поликлиника на УКИМ на задната страна од индексот.
ВАЖНО: Согласно одлуката на советот на Универзитетот број 28/3 систематскиот преглед е задолжителен за сите студенти и услов за заверка на зимски семестар 2026/2027.
Скопје, 6.11.2026 Одделение за студентски прашања

