| 
 1. Наслов на наставниот предмет  | 
Електротехнички материјали | |||||||
| 
 2. Код  | 
3ФЕИТ03Л002 | |||||||
| 
 3. Студиска програма  | 
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
| 
 4. Организатор на студиската програма  | 
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 
 5. Степен  | 
Прв циклус студии | |||||||
| 
 6. Академска година/семестар  | 
I/2 | 
 7. Број на ЕКТС  | 
3.00 | |||||
| 
 8. Наставник  | 
Д-р Марија Чундева-Блајер | |||||||
| 
 9. Предуслов за запишување на предметот  | 
Ислушани: Основи на електротехника | |||||||
| 
 10. Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаење за различните претставници на поединечните видови материјали, нивните основни карактеристики и можностите за нивна примена. Цел е запознавање со проводните, полупроводните, диелектричните, магнетните, суперпроводните материјали, како и други специјални материјали кои имаат примена во електротехниката и информациските технологии.  | 
||||||||
| 
 11. Содржина на програмата: Вовед науката за материјалите. Електрична и термичка проводност кај материјалите. Периоден систем. Врски. Зонска теорија и кристална состојба. Проводници-едноставен модел и макроскопски својства. Поделба на проводните материјали. Апликации на проводни материјали. Полупроводници-процеси на проведување и макроскопски својства. Елементарни полупроводници и соединенија. Примена на полупроводниците. Диелектрични материјали и изолатори. Поларизација и диелектрична пропусливост-макроскопско толкување. Проводливост на диелектриците. Енергетски загуби. Диелектрична цврстина. Преглед и поделба на диелектриците. Апликации на диелектрични материјали. Магнетизам, основни поими. Магнетен хистерезис. Дија, пара и феромагнетизам. Магнетна пропусливост. Енергетски загуби. Поделба на меки и тврди магнетни материјали, својства и примена. Суперпроводни карактеристики на материјалите-едноставен модел и макроскопски својства. Апликации на суперпроводни материјали. Оптички својства на материјалите и апликаци  | 
||||||||
| 
 12. Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).  | 
||||||||
| 
 13. Вкупен расположив фонд на часови  | 
2 + 0 + 1 + 0 | |||||||
| 
 14. Распределба на расположивото време  | 
90 | |||||||
| 
 15. Форми на наставните активности  | 
 15.1. Предавања – теоретска настава  | 
 30  | 
||||||
| 
 15.2. Вежби, семинари, тимска работа  | 
 15  | 
|||||||
| 
 16. Други форми на активност  | 
 16.1. Проектни задачи  | 
 10  | 
||||||
| 
 16.2. Самостојни задачи  | 
 5  | 
|||||||
| 
 16.3. Домашно учење  | 
 30  | 
|||||||
| 
 17. Начини на оценување  | 
 17.1. Тестови  | 
 20  | 
||||||
| 
 17.2. Семинарска работа/проект  | 
 20  | 
|||||||
| 
 17.3. Активност и учење  | 
 10  | 
|||||||
| 
 17.4. Завршен испит  | 
 50  | 
|||||||
| 
 18. Критериуми за оценување  | 
 до 50 бодови  | 
 5 (пет) (F)  | 
||||||
| 
 од 51 до 60 бодови  | 
 6 (шест) (E)  | 
|||||||
| 
 од 61 до 70 бодови  | 
 7 (седум) (D)  | 
|||||||
| 
 од 71 до 80 бодови  | 
 8 (осум) (C)  | 
|||||||
| 
 од 81 до 90 бодови  | 
 9 (девет) (B)  | 
|||||||
| 
 од 91 до 100 бодови  | 
 10 (десет) (A)  | 
|||||||
| 
 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит  | 
Реализирани активности од 15.1 до 16.3. | |||||||
| 
 20. Начин на полагање на испитот  | 
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи и одбрани проектна работна задача  | 
|||||||
| 
 21. Јазик на кој се изведува наставата  | 
Македонски и Англиски | |||||||
| 
 22. Метод на следење на квалитетот на наставата  | 
Интерна евалуација и анкети | |||||||
| 
 23. Литература  | 
||||||||
| 
 23.1. Задолжителна литература  | 
||||||||
| 
 Бр.  | 
 Автор  | 
 Наслов  | 
 Издавач  | 
 Година  | 
||||
| 
 1  | 
Rolf. E. Humel | Electronic Properties of Materials | Springer, New York | 2001 | ||||
| 
 2  | 
Safa.O. Kasap | Principles of Electronic Materials and Devices | McGraw-Hill,New York | 2002 | ||||
| 
 3  | 
W.S.Wong, A.Salleo | Electronic Materials, Flexible Electronics-Materials and Applications | Springer Science+Business Media, New York | 2009 | ||||
| 
 23.2. Дополнителна литература  | 
||||||||
| 
 Бр.  | 
 Автор  | 
 Наслов  | 
 Издавач  | 
 Година  | 
||||
| 
 1  | 
М. Чундева-Блајер, | Упатство за лабораториски вежби по „Електротехнички материјали“ | ФЕИТ-Скопје, лабораториски практикум | 2016 | ||||
| 
 2  | 
М. Чундева-Блајер | Електротехнички материјали | ФЕИТ-Скопје, интерна скрипта | 2016 | ||||
| 
 3  | 
P. Nikolic, D. Rakovic | Elektrotehnicki materijali | Naucna knjiga, Beograd | 1987 | ||||
			
