Математика 3

Последна измена: јануари 26, 2024

1.    Наслов на наставниот предмет

Математика 3

2.    Код

3ФЕИТ08З011

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Билјана Јолевска-Тунеска, Д-р Билјана Начевска-Настовска, Д-р Весна Андова, Д-р Катерина Санева Хаџи-Велкова, Д-р Сања Атанасова, Д-р Соња Геговска-Зајкова

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Математика 1 Ислушани: Математика 2

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Да се усвојат основните поими за диференцијално и интегрално сметање на функции од повеќе променливи, криволиниски и површински интеграли и обични диференцијални равенки. Развој на аналитичко мислење, критички способности, способност за учење.

11.    Содржина на програмата: Дефиниција на функција од повеќе променливи. Гранична вредност и непрекинатост. Парцијални изводи. Диференцијабилност. Извод на сложена функција. Изводи на функција по правец. Градиент. Тангентна рамнина. Екстремни вредности. Интегрално сметање на функции од повеќе променливи. Криволиниски и површински интеграли. Диференцијални равенки

12.    Методи на учење: Предавања, презентации и аудиториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 3 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

210

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

60

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и вежби

20.    Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (во 8. и 15. недела од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) , а во текот на часовите може да се спроведат и тестови. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 135 минути). За студентите кои ги положиле парцијалните испити, односно писмениот испит, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење најмногу 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, односно писмениот испит, како и поените од тестовите и завршниот устен испит.

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Douglas J. Faires, Barbara T. Faires Calculus Random House, New York 1988