1. Наслов на наставниот предмет |
Системи на автоматско управување | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ01Л020 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/4 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Цел на оваа дисциплина е да ги запознае студентите со основните системи на автоматско управување, модели на системите на автоматско управување. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени да ги препознаваат и идентификуваат системите, да можат истите аналитички да ги моделираат и да ги анализираат нивните својства со помош на компјутерски алатки како MATLAB. Студентите ќе бидат оспособени за проектирање на едноставни управувачи за овие системи и да ги анализираат перформансите на системите со повратна врска управувани од овие управувачи. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед – основни поими и дефиниции, класификација на системите, примери на системи на автоматско управување. Математички основи: диференцијални равенки, Лапласова трансформација, инверзна Лапласова трансформација, преносни функции. Математичко моделирање: на механички, електрични и електро-механички системи. Блок дијаграми и карактеристики на САУ: алгебра на блок шеми. Перформанси на САУ и критериуми за синтеза: точност во стационарната состојба, карактеризација на преодниот режим, интегрални критериуми на квалитет. Стабилност на динамичките системи: алгебарски критриуми за стабилност. Анализа на САУ во фреквенциското подрачје. Анализа на САУ во просторот на состојба: варијабли на состојба и простор на состојба, добивање равенки на состојба од диференцијални равенки и од преносни функции, решавање на равенките на состојба, фундаментална матрица, својствени вредности и својствени вектори, матрична преносна функција. Дигитални системи на управување. Основи на ПИД |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
90 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
90 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Успешно изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Норман С. Нисе | Системи на автоматско управување | Датапонс, Скопје | 2008 | ||||
2 |
Richard C. Dorf, Robert H. Bishop | Modern Control Systems | Prentice Hall | 2010 |