1. Наслов на наставниот предмет |
Сигнали и системи | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ05З035 | |||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
II/3 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Димитар Ташковски, Д-р Марија Марковска Димитровска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Математика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните концепти и математички алатки за процесирање на сигнали и анализа на системи. По звршување на курсот студентот е оспособен – да стекне претстава за основните концепти поврзани со процесирање на сигналите како што се: конволуција, фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, филтрирање, преносна функција. – да анализира модели на LTI системи во временски и фреквенциски домен – да користи и одбира соодветни алатки за решавање на конкретни модели |
||||||||
11. Содржина на програмата: Сигнали. Основи операции врз сигналите. Системи. Особини, со посебен осврт на линеарни временски непроменливи системи. Основни елементи за реализација на LTI системи. Процесирање во оригинален домен. Конволуциска сума и конлолуциски интеграл. Процесирање на периодични сигнали: Фуриеов ред. Процесирање на апериодични сигнали. Фуриеова трансформација. Kарактеризирање на LTI системите во временски и фреквенциски домен (фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, поим за филтрирање, дијаграми на Bode). Анализа на LTI системи со Лапласова трансформација и со Z трансформација. Дискретизација и реконструкција на аналогни сигнали. |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
30 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
75 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
80 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и домашни работи. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од парцијалните испити. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови и домашни работи) и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од испитот. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
A. Oppenheim, A. Willsky, S. H. Nawab | Signals and Systems | Prentice-Hall | 1997 | ||||
2 |
S.Haykin, B. Van Veen | Signals and Systems | John Wiley and Sons | 2002 |