Професор д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии „Универзитет Свети Кирил и Методиј“ – Скопје е добитник на наградата „13 Ноември“ за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
Оваа година, награда „13 ноември“ доби и студентот на ФЕИТ, Стефан Стојковиќ за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.
По вчерашното доделување на Наградата, Спасевска и Стојковиќ беа примени од деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.
Одборот за доделување на Наградата спроведува тајно гласање за добитниците.
Професор Спасевска е координатор или учесник на повеќе од 15 научно-истражувачки и апликативни меѓународни проекти, коавтор на повеќе од 50 научно-истражувачки и стручни трудови, претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери-Инженерска Институција на Македонија, Претседател на Метролошкиот совет при Бирото за метрологија, Претседател на одделението за животна средина при Коморта на овластени архитекти и овластени инженери и Национален координатор за програмата Хоризонт 2020 (Horizon 20200) во одделот за енергетика.