Пазари на електрична енергија

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Пазари на електрична енергија

2.    Код

3ФЕИТ09З017

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Весна Борозан

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Економија за инженери

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања од областа на пазарното стопанисување со електричната енергија, типови на пазари на електрична енергија, како и разбирање на влијанието на преносните мрежи врз функционирањето на пазарите и нивно спојување во единствен пазар.

11.    Содржина на програмата: Зошто е потребна конкуренција во стопанисувањето со електрична енергија? Политика на електроенергетскиот сектор и законски и организациони модели на конкуренцијата. Пазар на електрична енергија: Модели (организација) на пазарите на електрична енергија; Временски домен на пазарите. Типови на пазари: Децентрализирани пазари – пазари на билатерални физички и финансиски договори; Централизирани физички пазари – пазар ден однапред, дневен пазар и пазари на помошни услуги. Сигурност на системот и помошни услуги: Вреднување на помошните услуги. Продажба на системски услуги – балансен механизам. Влијание на преносните мрежи врз пазарот на електрична енергија: Децентрализирано тргување преку преносна мрежа – право на физички пренос; Централизирано тргување преку преносна мрежа – загушувања, јазолни цени, трговски суфицит, влијание на загубите, математичка формулација на јазолните цени, управување со ризици. Спојување на пазари на електрична енергија: Европски целен модел; Регионални пазари.

12.    Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни и семинарски задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути.
Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите, домашните и семинарските, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

В. Борозан, П.Крстевски Пазари на електрична енергија Интерна скрипта 2016

2

Daniel Kirschen, Goran Strbac Fundamentals of Power System Economics John Wiley & Sons 2004

3

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Steven Stoft Power System Economics Designing Markets for Electricity John Wiley & Sons 2002

2

M. Shahidehpour, H. Yamin, Z. Li Market Operations in Electric Power Systems – Forecasting, Scheduling, and Risk Management IEEE Press, Wiley-Interscience, A John Wiley & Sons, Inc. 2002

3

Barrie Murray Power Markets and Economics John Wiley & Sons 2009