Планирање на електроенергетски системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Планирање на електроенергетски системи

2.    Код

3ФЕИТ09Л018

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Петар Крстевски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Високонапонски мрежи и системи, Дистрибутивни системи Ислушани: Пазари на електрична енергија

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања на методите за планирање на ЕЕС во услови на либерализиран пазар на електрична енергија.

11.    Содржина на програмата: Временски домени, барања и проблеми на планирањето на електроенергетски системи (ЕЕС). Основни принципи на планирањето на развојот на ЕЕС: Концепт на сигурност и стабилност; Концепт на доверливост; Концепт на квалитет на електрична енергија; Концепт на економичност. Прогноза на потрошувачката на електрична енергија: Просторна прогноза на потрошувачката. Методи за долгорочна прогноза. Планирање на дистрибутивни системи: Методи за оптимизација на дистрибутивна мрежа (ДМ); Вклопна состојба на среднонапонска ДМ. Влијание на дисперзираното производство и анализи. Планирање на преносни системи: Детерминистички и стохастички методи за оптимизација; Евалуација на ризици; Регионално планирање на ЕЕС; Методи за управување со загушувања; Доверливост. Техно-економска анализа на инвестиции во ЕЕС: Метод на пресметковни годишни трошоци; Метод на нето сегашна вредност. Инвестирање во производство и пренос на електрична енергија во услови на либерализиран пазар на електрична енергија.

12.    Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Покрај тоа, студентот треба да ги изработи предвидените домашни/семинарски задачи и да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. За студентите кои не се успешни во полагањето на парцијалните испити, постои дополнителна можност да полагаат завршен писмен испит, со времетраење од 180 минути.
Завршната оценка се определува според поените добиени од испитите и домашните/семинарските задачи, кои учествуваат со соодветни тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Kusljugic, M. Nimrihter Planiranje elektroenergetskih sistema CEFES – EU Tempus Project CD JEP-18126-2003 2007

2

M.S. Calovic, A. T. Saric Planiranje elektroenergetskih sistema Prvi deo: Principi i metodologija planiranja elektroenergetskih sistema Beopres, Beograd 2000

3

M.S. Calovic, A. T. Saric, P. C. Stefanov Planiranje elektroenergetskih sistema Drugi deo: Reseni zadaci Beopres, Beograd 2000

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Xifan Wang, James Rufus McDonald Modern power system planning McGraw-Hill 1994

2

Arthur Mazer Electric Power Planning for Regulated and Deregulated Markets John Wiley & Sons 2007